четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Анчелоти: Ова е една од кошмарните ноќи – бевме грозни

Анчелоти: Ова е една од кошмарните ноќи – бевме грозни

Тренерот на шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави дека поразот во Жирона е кошмарна ноќ за која сите се виновни, зашто не играле тимски.

Реал Мадрид доживеа пораз во Жирона со 4-2, меч на кој блесна Валентин Кастељанос со четири гола и е прв по Роберт Левандовски и цела деценија кој успеал да му даде четири гола на еден меч на „кралскиот клуб“.

„Ова боли, ама мора да се вратиме што побрзо. Ова е една од најлошите ноќи, кошмарна, многу тешка… И сите се виновни, сите беа лоши. Сите одиграа под нивото. Дефанзивно бевме грозни, нервозни, не добивавме дуели… Ова што видовте не беше тим и им се извинувам на навивачите. Ова не е тимска игра. Кога играме тимски можеме секого да победиме, ако не играме така – се случува ова“, рече Анчелоти.