Ливерпул е домаќин на првиот меч против Реал Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампионите.
Шпанскиот прволигаш го цени противникот, но во исто време се свесни за својот квалитет, но и за фактот дека овој двобој нема да биде решен на „Енфилд Роуд“, односно дека битката ќе трае најмалку 180 минути.
-Повторно сме тука, се чувствуваме добро и полни сме со надеж. Ние сме подготвени, навистина, како минатата година. Знаеме дека ќе биде тешко, не само овде, мора да играме добро и во реваншот. Имаме убави спомени од минатогодишното финале. Беше изедначен натпревар. Јас би се согласил со Клоп, тие можеби имаа повеќе посед, но ние бевме поцврсти во дефанзивата. И ако си цврст против Ливерпул, можеш да го добиеш она што го посакуваш. Сепак, ова сега е малку поразлично. Не е само еден натпревар. Мора да се подготвите за борба која ќе трае 180 минути.Квалитетот на Ливерпул не е променет. Очекуваме интензивен натпревар, знаеме дека ќе бидеме под голем притисок и дека нема да има време здив да фатиме. Ние многу добро знаеме што да очекуваме и сме подготвени. Би сакал Ливерпул да се грижи за нас, а не ние за нив, -порача тренерот на Реал, Карло Анчелоти.
Средбата се игра вечер од 21 часот на „Енфилд Роуд“.