недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Анчелоти призна дека му понудил избор на играч на Реал Мадрид

Анчелоти призна дека му понудил избор на играч на Реал Мадрид

Едуардо Камавинга е еден од играчите кои најмногу се користени од Карло Анчелоти во 2023-та година, бидејќи Французинот минатата година извршуваше задачи и кои не се карактеристични за него.

Камавинга добар дел од сезоната го одигра како принудна опција на левата бековска позиција, а на ова место играше и пред неколку дена на мечот против Џирона.

Едурадо повторно позитивно одговори и професионално си ја изврши задачата, но Карло Анчелоти откри дека неговиот фудбалер имал едноставен избор пред натпреварот.

– Камавинга е сестран играч и може да ни помогне и како лев бек. Знам дека тоа не е природна позиција за него, но истата е добро покриена со двајца дефанзивци и Камавинга по потреба.Тој и натаму е опција за таа позиција, тој е комплетен играч и може да одговори на повеќе позиции. Кога го прашувам дали сака да игра како лев бек, или да седи на клупа, тој секогаш бира да биде лев бек, – открива Анчелоти.