вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Анчелоти за победата на Осасуна: Важно беше да ги освоиме бодовите за да останеме во трка за титулата

Анчелоти за победата на Осасуна: Важно беше да ги освоиме бодовите за да останеме во трка за титулата

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ја коментираше победата над Осасуна (2:0) во натпреварот од 22. коло на шампионатот на Шпанија.

– Она што го направивме во второто полувреме можеше да биде направено во првото. Но, многу ми се допадна кохезијата на тимот. Се покажа како цврст натпревар, важно беше да се победи за да останеме во борбата за Ла Лига, па среќни го напуштаме стадионот, изјави Анчелоти по натпреварот.

По овој натпревар, Реал Мадрид е втор во поредокот со 51 бод, пет бода зад лидерот Барселона која има и натпревар помалку.

Осасуна е на 10. место со 30 бодови.