недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Анчелоти: Азард ако сака да замине, нека си оди

Анчелоти: Азард ако сака да замине, нека си оди

Белгискиот фудбалер Еден Азард имаше катастрофални две и пол години на „Сантијаго Бернабеу“ по скапиот трансфер од Челси, каде имаше голем број на повреди повреди и откако неодамна Анчелоти призна дека има фудбалери кои повеќе ги преферира од него, сега додава дека нема да го заддржува фудбалерот доколку тој сака да си замине веќе во јануари.

„Никогаш во кариерата не сум приморал фудбалер да остане ако сакал да замине. Според мое мислење тоа нема смисла и никогаш не било под сомнеж“, вели Анчелоти.

Од друга страна, Анчелоти има бесконечна доверба во Винисиус Жуниор, и потврди дека нема да го „штеди“.

„Не верувам дека го туркам премногу Вини. Тој е добар, млад е и се опоравува побргу од другите. Ако има проблем или пад на формата ќе го одморам, но сега сум пресреќен од неговата форма“, додава Италијанецот.