Поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски преку социјалните мрежи им посака среќа на фудбалерите пред вечерашниот дуел со Италија.
-Пред вечерашниот натпревар со Италија, четирикратен светски и актуелниот европски шампион. Сакам да ви посакам среќа за уште еден успех. Влогот е огромен и за Македонија и за Италија. Покажавте во Торино пред многу години дека го можете тоа. Навиваме за Македонија, напиша на Фејсбук, Ангеловски.
Македонската фудбалска репрезентација денеска со почеток во 20:45 часот ќе се сретне со селекцијата на Италија во полуфиналето од плејофот за пласман на Светското првенство.