петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Англичаните побарале од УЕФА тие да бидат домаќини на ЕП во фудбал

Англичаните побарале од УЕФА тие да бидат домаќини на ЕП во фудбал

Финалето на Европското првенство во фудбал на кое свое учество ќе земе и нашииот национален тим секако  планирано е да ќе се игра на „Вембли“ во Лондон, но Англичаните посакуваат целокупното Европско Првенство да се игра во нивната земја, и веќе според информациите на медиумите во Европа испратиле писмо до УЕФА.

Првенството кое требаше да се игра минатата година, поради пандемијата на коронавирус, беше одложено за оваа лето, и засега УЕФА ја нема сменето одлуката да се игра на стадиони во 12 различни градови низ Европа.

Но, одлуката не е конечна и неизвесноста околу тоа каде ќе игра Македонија на историското деби, уште трае.

Според англиските медиуми, Велика Британија понудила цело првенство да се игра кај нив. Направен е план со кој наскоро навивачите ќе се вратат на стадионите. Премиерот Борис Џонсон ќе ги објави датумите за вакцинација на возрасната популација, а последниот рок до кога сите во неговата земја ќе мора да примат вакцина е 31 јули. ЕП треба да почне на 11 јуни.