понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Англија и Шведска на полуфиналето во женското УЕФА ЕУРО 2022

Англија и Шведска на полуфиналето во женското УЕФА ЕУРО 2022

Женската фудбалска репрезентација на Англија вечерва од 21 часот ќе се соочи со Шведска на стадионот во Шефилд во полуфиналето на УЕФА ЕУРО 2022.

Англија се пласираше во полуфиналето совладувајќи ја Шпанија со 2-1 во четвртфиналето, додека, Шведска беше подобра од Белгија со 1-0.

Најдобриот пласман на Англија на ова натпреварување е второто место во 1984 и 2009 година, додека, Шведска беше прва токму во 1984 година кога го совлада овогодинешниот домаќин.

Победниците се пласираат во неделното финале на Вембли кое ќе го одиграат со подобриот од полуфиналето помеѓу Германија и Франција кое се одигрува утре од 21 часот.