Италијанскиот фудбалски стратег Антонио Конте и официјално доби отказ од местото тренер на англискиот премиерлигаш Тотенхем.
Конте имаше сезона под очекувањата со лондонскиот клуб, а загубените два бода од мечот со Саутемптон во кој од позитива од 1-3 на крајот стигнаа само до бод фудбалерите на Тотенхем, ја прели чашата кај раководството на клубот за да му врачи отказ на Конте.
До назначување на нов тренер тимот ќе го води неговиот досегашен помошник Кристијан Стелини.