четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Аргентински фудбалер застрелан во глава во кафуле во Росарио

Аргентински фудбалер застрелан во глава во кафуле во Росарио

Ужасни вести доаѓаат од Аргентина, земјата актуелен светски првак, откако еден од најталентираните фудбалери Лаутаро Ронки (18) е застрелан од непознати вооружени напаѓачи во едно кафуле во Росарио, родниот град на Лионел Меси.

Ронки случајно се нашол во кафулето со својот пријател Ерик Дијаз, кога упаднале вооружени напаѓачи и почнале да пукаат. Еден куршум завршил во главата на Лаутаро Ронки, а шест во неговото тело.

Младиот фудбалер кој има само 18 години веднаш бил хоспитализиран и е во критична состојба, приклучен на респиратор, а веќе му е извршена и една операција на главата на клиниката „Клементе Алварез“ во Росарио.

Неговиот пријател Ерик Дијаз бил убиен на лице место.