петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

АС: ПСЖ нема да го пушти Мбапе во Реал до летото 2022 година, а потоа на негово место ќе го донесе Роналдо

АС: ПСЖ нема да го пушти Мбапе во Реал до летото 2022 година, а потоа на негово место ќе го донесе Роналдо

Килијан Мбапе и покрај желбата да си замине од Париз, останува во ПСЖ и следната сезона.

Според „АС“, претседател на парижаните, Насер Ал-Келаифи знае дека напаѓачот Килијан Мбапе нема да потпише нов договор со клубот. И покрај ова, ПСЖ нема да го пушти напаѓачот во Реал Мадрид до летото 2022 година, кога истекува неговиот договор.

ПСЖ разбира дека одлуката на Мбапе не може да се промени, но тие не сакаат да го пуштат сега. За ПСЖ, ова не е прашање на пари.

Веќе е одлучено дека Мбапе во ПСЖ ќе биде заменет со Кристијано Роналдо, чиј договор со Јувентус истекува следното лето.

Ал-Келаифи отсекогаш сакал Роналдо, Нејмар и Лионел Меси да играат за ПСЖ. Планирано е Португалецот, кој тогаш ќе наполни 37 години, да потпише договор на две години.