недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Асенсио не исклучува можност за трансфер во Барселона

Асенсио не исклучува можност за трансфер во Барселона

Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Марко Асенсио не ја отфрли можноста за преселба во Барселона.

– Да бидам искрен, не знам дали Барселона сака да ме ангажира. Ми пријдоа многу други големи клубови. Не размислував за тоа и не ја оценив оваа опција. Околу мене има многу шпекулации, разговори и тоа е нормално. За седум месеци можам да потпишам договор со кој било клуб. Многу клубови ми приоѓаат и во иднина ќе даваат уште поконкретни понуди и тоа е во ред. Во моментов не можам да одговорам околу евентуален трансфер во Барселона, изјави Асенсио за „Марка“.

Претходно во шпанските медиуми беше објавено дека каталонскиот клуб покажува интерес за 26-годишниот фудбалер на Реал.

Во тековната сезона Асенсио постигна еден гол на четири натпревари. Неговиот договор со клубот од Мадрид е до 30 јуни 2023 година.