Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Аншковски се приклучи на фудбалската репрезентација на Македонија во пресрет на стартот на Лигата на Нации.
Првата пречка ќе биде селекцијата на Бугарија, а нашиот репрезетативец посакува триумф за старт.
„За десет дена ќе имаме четири меча и ќе биде интересно. Бугарите се добра репрезентација, но одиме таму на победа, па ќе видиме што ќе биде. Ќе имаме проблеми, ќе ни фалат неколку играчи, но репрезентацијата е како едно семејство и знам дека кој и да игра во тимот ќе го даде својот максимум бидејќи ние сме Македонија и горди сме да играме за нашата земја. Ние ќе дадеме се од себе, можам да го ветам тоа, да стартуваме со победа против Бугарија“, изјави Ашковски.