Капитенот на Челзи, Сезар Аспиликуета го продолжи договорот до 2022 година, објави лондонскиот клуб.
Шпанецот е награден за одлични игри оваа сезона, но исто така и порано, со нова четиригодишна соработка.
Одбранбениот 29-годишн фудбалер шест години е член на „сините“ од Лондон. Досега има одиграно 298 натпревари и постигнато осум голови.
Ќе остане запаметен дека во сезоната 2016/2017 ја одигра секоја минута во Премиер лигата кога Челзи стана шампион.
Со лондонскиот клуб освои уште една титула шампион на Англија, а има и трофеи од ФА Купот, Лига Купот и Лига Европа.
МИА