Шпанскиот фудбалски прволигаш Атлетико Мадрид им ги врати парите на фановите за сите претходно продадени билети.
– Зборуваме за билети за домашната арена, како и билети за реваншот од 1/8-финалето на Лигата на шампионите против Ливерпул (3:2), на кои некои навивачи не отидоа поради ризикот од инфекција со коронавирус, соопшти прес-службата на Атлетико.
Исто така, на навивачите им беа вратени парите за билетите купени за натпреварите на домашен терен против Ваљадолид, Алавес и Мајорка.
Вкупната сума за неискористени билети изнесува 250 илјади евра.