Диего Симеоне во следните денови ќе го засили својот тим со негов сонародник. Нов играч на Атлетико Мадрид ќе биде Нахуел Молина кој игра во тимот на Удинезе и со кој е постигнат конечен договор.
Наводно блиску до договор биле и клубовите, па Молина би се преселил на „Ванда Метрополитано“ уште следната недела.
Молина зад себе остави одлична сезона во тимот на Удинезе каде постигна пет голови и запиша седум асистенции. Интересно е тоа што станува збор за десен бек, кој лани беше користен како офанзивен бек во ротацијата на тимот од Удине.
Инаку, освен Молина, новост во Атлетико е тоа што Јан Облак и Томас Лемар ќе добијат продолжување на своите договори.