Шпанскиот фудбалски тим Атлетико Мадрид е заинтересиран да го доведе Марко Верати како најважно засилување во летниот преоден рок на тимот на Диего Симеоне, тврдат шпанските и италијанските медиуми.
Италијанскиот фудбалер од средниот ред повеќе години е во Париз, но шпекулациите велат дека е незадоволен од ситуацијата во францускиот шампион иако има договор до јуни 2026. Се верува дека Рома на Жозе Мурињо е заинтересирана за неговиот потпис, но не успеале да го убедат да се врати во Италија.
Атлетико во исто време, мора да го засили својот среден ред, откако станува јасно дека веќе не сметаат на Жоао Феликс и ќе се обидат да го продадат Португалецот ова лето.