Шпанскиот фудбалски клуб Атлетико Мадрид официјално го објави потписот на Цезар Аспиликуета, кој како слободен трансфер од Челзи дојде во тимот од главниот град на Шпанија. 33-годишниот дефанзивец потпиша 1-годишен договор со Атлетико Мадрид.
Аспиликуета го напушти Челзи по 11 години во клубот во кој забележа 508 настапи. Шпанецот беше и капитен на „сините“ од Лондон, со кои се прости на крајно емотивен начин.