сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Атлетико Мадрид го „украде“ пред нос Аспиликуета на Интер

Атлетико Мадрид го „украде“ пред нос Аспиликуета на Интер

Капитенот на Челси, Цезар Аспиликуета, ги договори личните услови со Интер, сѐ беше подготвено за трансфер, но се чини дека Шпанецот нема да оди во Милано, туку во Мадрид.

Атлетико Мадрид ненадејно се вклучи во трката за искусниот дефанзивец, а членовите на неговото семејство, желни за враќање во Шпанија, наводно ја поддржуваат таа опција.

Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне го сака во својот тим.

Аспиликуета се договори за двегодишен договор со Интер, но на крајот се случи голем пресврт, па дефанзивецот ќе потпише двегодишен договор со „јорганџиите“.