недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Атлетико Мадрид се вклучи во борбата за Чалханоглу

Атлетико Мадрид се вклучи во борбата за Чалханоглу

Шпанскиот фудбалски прволигаш Атлетико Мадрид се интересира за играчот за врска на Милан, Хакан Чалханоглу.

Договорот на 26-годишниот Турчин со „росонерите“ е важи до летото 2021 година, а страните сè уште не можат да се договорат за продолжување на соработката, пренесува „Мундо Депортиво“.

Според извештаите на италијанските медиуми, Чалханоглу сака да добива пет милиони евра годишно, додека миланскиот клуб е подготвен да понуди само 3,5 милиони евра.

Оваа сезона, играчот за врска има одиграно 10 натпревари на сите турнири, на кои постигна четири гола и забележа една асистенција.