Шпанскиот Атлетико Мадрид повторно се активираше на фудбалскаиот пазар.
Серхио Регуилон е нов член на поранешниот шпански првак откако беше договорено неговото доаѓање на едногодишна позајмица од Тотенхем.
Шпанецот кој порано настапуваше за Севилја и за Реал Мадрид го загуби своето место во Тотенхем од Перишиќ, Конте воопшто не сметаше на него и веднаш даде зелено светло за заминувањето на Регуилон од Тотенхем.
Тој пристигнува во клубот на местото на Ренан Лоди, кој својата кариера ќе ја продолжи во Нотингем Форест. Бразилскиот лев бек заминана позајмица на една година за која „шумарите“ платија пет милиони евра, со што Лоди стана 18.засилување што Нотингем го носи летово, по камбекот во Премиер-лигата.