недела, 24. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Атлетико Мадрид убедлив на гостувањето кај Осасуна

Атлетико Мадрид убедлив на гостувањето кај Осасуна

Атлетико Мадрид славеше со убедливи 3-0 против Осасуна во 25. коло од шпанската Ла Лига, со што се врати во трката за топ-4 позициите и пласман во Лигата на шампиони (ЛШ).

Резултатот можеше да биде многу поразличен доколку домаќините ги реализираа своите шанси, кои беа во голем број, но сепак до мрежата на Јан Облак не успеаа да стигнат, а тоа знаеше да го казни Атлетико, и тоа уште во третата минута кога Жоао Феликс ја почна серијата.

Екипата на Диего Симеоне постигна уште два гола во второто полувреме, а стрелци беа Луис Суарез и Анхел Кореа кои погодија во 59. и 89. минута за триумф од 3-0.

Шпанскиот првак во моментов има 42 бода на четвртата позиција, додека пред него се Бетис со 43, Севилја со 50 и Реал Мадрид со 54.