Австралиските власти ја разгледуваат можноста за бојкот за Светското фудбалско првенство 2018, објави „Фокс Спорт“ повикувајќи се на министерот за надворешни работи, Џули Бишоп.
Како што се наведува, австралиското Министерство за надворешни работи ќе одржува контакти со британските колеги и сојузници во ситуацијата со труење на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал.
Претходно, британскиот премиер Тереза Меј рече дека земјата ќе го намали нивото на делегацијата на Светското првенство поради обвинувањата на Русија за вмешаност во труење на Скрипал. Високи функционери и претставници на кралското семејство нема да одат во Русија.
Дипломатски бојкот најавија и претставниците на Исланд.
Фудбалскиот Мундијал ќе се игра во Русија од 14 јуни до 15 јули.