понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Автогол каков фудбалскиот свет не памети: На голманот му текна да си пие вода (ВИДЕО)

Автогол каков фудбалскиот свет не памети: На голманот му текна да си пие вода (ВИДЕО)

Ретко виден гаф се случи на дуел од Втората Бундес лига во Германија помеѓу поранешните бундеслигаши Дуизбург и Инголштад кој го добија домаќините со 2-1.

Лесно можеше домашниот голман Марк Флекен од јунак да се претвори во трагичар.

Флекен најпрвин одбрани пенал во 11 минута, а подоцна дозволи противникот да израмни на 1-1 откако го остави голот празен за да се напие вода.

На крајот сепак среќа за Флекен бидејќи Дуизбург постигна и втор погодок и освои три бода.