сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Азар сака да замине од Реал Мадрид

Азар сака да замине од Реал Мадрид

Еден Азар пристигна во Реал Мадрид како еден од најдобрите светски фудбалери, ама повредите го зедоа својот данок.

Белгиецот не е во изборот на тренерите на „кралскиот“ клуб. Сега, Азар е резерва и од време на време добива шанса од клупата за резервни фудбалери.

Според најавите на шпанските медиуми, играчот сака состанок со тренерот Карло Анчелоти, на кој ќе го изнесе своето незадоволство.

Доколку разговорот не резултира со посакуван исход, белгискиот крилен напаѓач би можел да побара трансфер.

Иако и досега Азар се поврзуваше со заминување, до тоа не дојде и сезонава за Реал одигра четиринаесет натпревари во Примера, осум пати беше стартер и запиша само една асистенција.