Еден Азар е најголемата желба на Њукасл за летниот преоден рок, пренесуваат британските медиуми. Новите богати сопственици на Њукасл нема да жалат пари и да го доведат Белгиецот од Реал, кој остави длабока трага во Англија носејќи го дресот на Челси.
Азар пред три години пристигна во Реал за 100 милиони евра, но не ги оправда очекувањата и ќе остане запишан како еден од најголемите неуспеси во историјата.