недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Азар: Среќем сум без фудбал, не можев повеќе да издржам

Азар: Среќем сум без фудбал, не можев повеќе да издржам

Еден Азар за прв пат проговори откако одлучи да стави крај на професионалната фудбалска кариера.

Откако му заврши договорот со Реал Мадрид, 32-годишниот Белгиец одлучи да стави крај на кариерата, иако за многумина тоа беше изненадувачка одлука.

Азар во последните години имаше големи проблеми со повреди и пропушташе поголем дел од сезоната.

„Имам само 32 години, но рано почнав да играм фудбал. Го напуштив домот на 14-годишна возраст и постигнав се што сакам. Моето тело повеќе не можеше да го издржи тој ритам. Имав некои повреди на крајот, па затоа ја донесов таа одлука. И среќен сум што донесов таква одлука“, изјави Азар