Фудбалерите на Баерн Минхен, Томас Милер и Џошуа Кимих се позитивни на коронавирус поради што ќе го пропуштат натпреварот од третото коло во Лигата на шампионите против Викторија Плзењ што ќе се игра во вторник.
– Џошуа Кимих и Томас Милер, денеска беа позитивни на коронавирус. И двајцата немаат симптои и добро се чувствуваат. Тие се наоѓаат во домашна изолација – соопшти баварскиот тим.
Во Баварија, карантинот престанува по пет дена доколку лицето што било позитивно, во последните 48 часа нема симптоми на коронавирус.