Баерн Минхен се помири со фактот дека ќе го загуби Роберт Левандовски ова лето и почна да бара негова замена.
Баварците преговараат со Садио Мане, но се во потрага и по централен напаѓач, а најновата мета е Ромелу Лукаку, пренесуваат германските медиуми.
Лукаку минатото лето пристигна како големо засилување во Челзи за 115 милиони евра, но не ги оправда очекувањата и сака да ја промени средината.
Тој го загуби местото во стартниот тим, па дури и влезе во конфликт со тренерот Томас Тухел,а негова најголема желба е да се врати во Интер.
Меѓутоа, „нероаѕурите“ имаат финансиски проблеми и го сакаат само на позајмица, додека Баерн е спремен да го купи Белгиецот.
Баврците стапиле во контакт со неговиот агент и во него гледаат идеална замена за Левандовски.