Садио Мане доби суспензија од Баерн Минхен поради инцидентите во соблекувалната по поразот од Манчестер Сити.
Садио Мане го нападна Лирој Сане во соблекувалната по натпреварот од Лигата на шампионите против Сити.
Поради ова, Баерн Минхен реши да го суспендира својот фудбалер и тој нема да биде во составот за мечот во сабота против Хофенхајм, а ќе биде и парично казнат.
Двајцата фудбалери денеска се извиниле за својата постапка пред останатите фудбалери.