Баерн синоќа ја победи Борусија Дортмунд со 3:2 и го освои Суперкупот на Германија.
Стрелци на головите за Баварците беа Корантен Толисо, Томас Милер и Џошуа Кимих. Јулијан Брант и Ерлинг Халанд постигнаа голови за Борусија.
За Баерн ова е осми трофеј во историјата на Суперкупот на Германија.