понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Балотели ги насмеа сите: Не е онака како што изгледа, ви се колнам (ВИДЕО)

Не е онака како што изгледа, луѓе ви се колнам, напиша Супер Марио
Балотели ги насмеа сите: Не е онака како што изгледа, ви се колнам (ВИДЕО)

Марио Балотели не ја изгубил смислата за хумор ниту после толку години на забавување на спортската јавност. Членот на Ница овој пат објави видео во кое го масира физиотерапевтот во крајно необична поза.

Еден од најконтроверзните фудбалери на денешницата, напаѓачот на Ница, Марио Балотели, своите следачи на Инстаграм ги почести со ново забавно видео. А човекот впрочем само примаше лекарска помош…

Балотели се превртува од болку додека физиотерапевтот му го масира бутот, а во описот им порача на фановите:

-Не е онака како што изгледа, луѓе ви се колнам, напиша Супер Марио , кој кратката пауза во француското првенство ја искористи како би отишол во куќата во Бреша, со синот Лион и новата девојка, Клеја.

Isn’t what you guys are thinking I swear!!! ???

A post shared by Mario Balotelli???? (@mb459) on

Минатиот месец италијанскиот репрезентативец кажа дека би сакал да се врати во Манчестер Сити и тоа бесплатно затоа што трите години на Етихад му биле најдобар период во кариерата.

-Го сакам Сити, тоа е спектакуларен клуб. Пресреќен сум што им оди добро со Пеп Гвардиола и се надевам дека ќе ја освојат титулата 20 натпревари пред крајот на првенството(?), кажа Марио за Газета дело Спорт.