„Пресреќен сум за голот. Долго време не играв, па сега среќен сум што со голот освоивме бод против лидерот. Ова беше тежок меч, зашто загубивме на претходниот дуел дома, но покажавме дека можеме да играме и да се надигруваме со најдобрите, затоа сега сите среќни ќе си одиме дома“, вели Барди.
„Атлетико е таков тим кој те тера да се браниш, а и ние знаевме дека се тим со преполн квалитет. Во првото полувреме не ја имавме многу топката во посед, во вториот се поправивме, но мислам дека завршивме добра работа“, ја доврши својата изјава македонскиот репрезентативец.