Ливерпул синоќа загуби со резултат 0:1 на домашен терен од Барнли во одложениот натпревар од 18. коло на шампионатот на Англија. Серијата на „црвените“ без пораз на „Енфилд“ во Премиер лигата траеше 68 натпревари.
Екипата на Јирген Клоп немаше пораз на домашен терен во шампионатот три години и 273 дена. Ова е втор најдобар резултат на тим на домашен терен во историјата на Англија.
Рекордот му припаѓа на Челзи и тој изнесува 86 домашни средби без пораз.
По 19 кола во Премиер лигата, Ливерпул кој ја брани титулата се наоѓа на 4.место со 34 бода, шест помалку од лидерот Манчестер јунајтед.