сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Барса ем понижена, ем се тресе: Ако Баерн ја освои ЛШ ќе мора да платат пет милиони евра!

Барса ем понижена, ем се тресе: Ако Баерн ја освои ЛШ ќе мора да платат пет милиони евра!

Шпанска Барселона синоќа доживеа тотален дебакл во четвртфиналната пресметка со Баерн Минхен во Лигата на шампионите, со срамниот пораз со 2-8, незапаметен досега во историјата на ЛШ, но маките на Каталонците не завршуваат со овој меч.

И додека навивачите чекаат тренерот Кике Сетиен да добие клоца, а да видат и каков е планот на раководството за комплетната реконструкција на тимот, шпанскиот великан сега се тресе и дека ќе остане без пет милиони евра и тоа само поради – Фелипе Кутињо.

Бразилецот ја доигрува сезоната во Баерн Минхен, каде е на заем, но ќе се врати во Каталонија, а проблем за Барса е ако баварската машинерија стане европски првак. Кутињо им даде два гола во завршницата за да ја комплетира мизеријата на Каталонците, а „утката на векот“ кого прескапо го платија, сега може да им земе уште пет милиони евра.

Триумф на Баерн во ЛШ ќе значи дека Барселона ќе мора на Ливерпул да му плати толку пари за трофејот на Кутињо, зашто Бразилецот и понатаму е играч на Барса, а според клаузулата тие пари им следуваат на „црвените“.

Кутињо дојде во Барса за 160 милиони евра во јануари 2018 година, но не остави силен впечаток, а се најавува негова продажба или нов заем и за следната сезона, освен ако во реконструкцијата на тимот, сепак новиот тренер не се реши да го задржи.