Барселона и Реал Мадрид планираат да одиграат натпревар во Соединетите Американски Држави.
Претсезонското класико е закажано за 29 јули во Далас на стадионот „Котон Боул“, кој собира 92.000 гледачи.
Овој натпревар би можел да биде трет меѓу Барселона и Реал Мадрид на територијата на САД.
Претходно, тимовите играа во 2017 година во Мајами (Барселона победи со 3:2), а исто така и во Лас Вегас во 2022 година (Барселона победи со 1:0).