понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Барселона почна поинтензивно да работи на трансферот на Пјаниќ

Барселона почна поинтензивно да работи на трансферот на Пјаниќ

Барселона продолжува со преговорите за трансферот на играчот од средниот ред на Јувентус, Миралем Пјаниќ. Според ЕСПН, каталонскиот клуб почнал поинтензивно да работи во оваа насока. Барселона сака да го размени Артур за Пјаниќ, но Бразилецот има намера да остане во Барселона.

Пјаниќ, пак, е отворен за преминот во Барселона.

Претходно беше објавено дека 30-годишниот играч од средниот ред на репрезентацијата на Босна и Херцеговина ги одбил Манчестер јунајтед и ПСЖ заради преселбата на „Камп ноу“.

На 22 натпревари во Серија А оваа сезона, Пјаниќ постигна три гола и направи четири асистенции.