петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Бартомеу: Сетиен ќе го предводи тимот во Лигата на шампионите следната сезона

Бартомеу: Сетиен ќе го предводи тимот во Лигата на шампионите следната сезона

Тренерот Кике Сетиен ќе биде на клупата на Барселона и следната сезона, изјави првиот човек на каталонскиот клуб, Пеп Марија Бартомеу.

– Сетиен ќе го предводи тимот во Лигата на шампионите. Неговата намера е да остане тренер и следната сезона, а наша обврска е да се држиме до потпишаниот договор, изјави Бартомеу за шпанските медиуми.

Сетиен го замени Ернесто Валверде на клупата на Барселона во јануари, но игрите и резултатите на тимот не ги исполнија очекувањата на навивачите.

Барселона моментно е на втората позиција на табелата со еден бод помалку од најголемиот ривал, Реал Мадрид, кој има натпревар помалку, додека Каталонците во Лигата на шампионите очекуваат реванш од осминафиналето против Наполи.(МИА)