Претседателот на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу изјави дека тренерот Ернесто Валверде останува во клубот и следната сезона.
И покрај освоената двојна титула, во шпанските медиуми се појавија гласини дека раководството планира негова смена, но во последното интервју Бартомеу го демантираше тоа и рече дека нема да го менуваат тренерот ова лето.
– Задоволни сме од Валверде. Среќни сме поради освоената двојна круна. Тој и следната сезона ќе тренира во Барселона, а и самиот сака да остане во клубот, истакна претседателот на Барселона.
Валверде во мај минатата година го замени Луис Енрике на клупата во Барселона.
МИА