недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Бејл го прекина медиумскиот молк за да го прослави бруталното издание на Реал против Барса (ФОТО)

Бејл го прекина медиумскиот молк за да го прослави бруталното издание на Реал против Барса (ФОТО)

Герет Бејл одлучи да започне сериозен медиумски молк откако објави крај на играчката кариера, па од фудбалот се дистанцираше се до оваа вечер во која видовме брутално издание на Реал Мадрид.

Велшанецот најубавите моменти во својата кариера ги мина на „Сантијаго Бернабеу“, а сега покажа дека Реал се уште му е при срце и со големо задоволство ја прослави победата над Барселона.

Реал Мадрид после девет години ќе се бори за трофејот во Копа дел Реј, сето тоа како последица на страшно добрата претстава која ја имаа избраниците на Карло Анчелоти во вториот полуфинален меч со Барслеона.

Поразот од 0:1 на „Бернабеу“ беше надополнет со импресивни 0:4 во домот на Барселона, резултат кој го воодушеви и Бејл кој се јави со објава на социјалните мрежи.

– Неверојатни перформанси, – порача Бејл.