вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Белгија и Данска во осминафиналето, Финска на чекање

Белгија и Данска во осминафиналето, Финска на чекање

Разврска и во групата Б. Белгија ја совлада Финска со 2:0 во 3. коло и го освои првото место на табелата со вкупна гол разлика 7:1.

Во осминафинале патува и селекцијата на Данска која вечерва со 4:1 ја совлада Русија. Всушност Данска, Финска и Русија имаат по три бода, но Данците ја имаат најдобрата гол разлика 5:4 со што го освоија второто место и одат во осминафиналето.

Финците кои се дебитанти се третопласирани (гол разлика 1:3) и се на чекање на останатите резултати за да видат дали ќе се пласираат во нокаут фазата, а Русите се последни со најлоша гол разлика 2:7.

Белгијците ја победија Финска со автогол на Храдецки и погодок на Лукаку во второто полувреме.

Данците одиграа инзворедно на „Паркен“. Голови постигнаа Дамсгард, Поулсен, Кристенсен и Меле. За Русите погоди Ѕјуба од пенал.