петок, 26. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Белгија и Холандија ги згазија своите противници, Португалија со пресврт до три бода

Белгија и Холандија ги згазија своите противници, Португалија со пресврт до три бода

Продолжија возбудувањата во рамките на квалификациите за пласман на СП во Катар во 2022 и оваа вечер.Доста ефикасно и без голем изненадувања завршија средбите кои беа на програмата оваа вечер.

Белгија со 8-0 ја победи Белорусија, по два гола дадоа Тросар и Ванакен, по еднаш погодија, Батшуаи, Доку, Прает и Бентеке.

Нашиот противник на Европското првенство, Холандија со 7-0 славеше во Гибралтар, два гола даде Депај, по еднаш прецизни беа Бергуис, Лук де Јонг, Вајналдум, Мелен и Ван де Бек.

Турција бше изненадена на свој терен откако одигра 3-3 против Летонија, Португалија со пресврт од  3-1 победи кај Луксембург додека Велс минимално со 1-0 ја совлада Чешка.

Хрватска со 3-0 лесно ја победи Малта, Црна Гора 1-0 загуби од Норвешка на домашен терен, а со истиот резултат Словенија беше поразена во Кипар.