четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Белингем го одби новиот договор од Борусија Дортмунд

Белингем го одби новиот договор од Борусија Дортмунд

Англиските медиуми веќе почнаа да шпекулираат дека младиот фудбалер на Борусија Дортмунд, Џуд Белингем и дефинитивно ќе замине од оваа екипа во летниот преоден рок.

Причина за тоа било што играчот им дал дознаење на првите луѓе на германскиот клуб дека ќе одбие нов договор доколку истиот му биде понуден.

Дел од медиумите пак веќе потврдија дека Белингем на маса добил договор за продолжување на соработката и дека истиот експресно го одбил со надеж дека на лето ќе реализира трансфер во некој врвен клуб.

19 годишниот фудбалер за врска е врзан со Борусија Дортмунд до 2025 година, па и онака „милиониерите“ ќе заработат многу на негов евентуален трансфер.

Засега како најсериозни кандидати за неговиот потпис се споменуваат Ливерпул и Реал Мадрид.