Англискиот интернационалец Бен Чилвел ќе потпише нов долгорочен договор со Челси. Левиот бек ги прифатил условите на клубот и е подготвен да потпише нов договор до летото 2027 година.
Чилвел (26) му се приклучи на Челси во 2020 година од Лестер. За три сезони со „сините“ има 79 настапи и девет гола, освојувајќи ја Лигата на шампионите и Суперкупот на Европа во 2021 година.
За репрезентацијата на Англија дефанзивецот има 18 натпревари и еден постигнат гол