сабота, 2. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Бензема не исклучува можност еден ден да стане тренер на Реал

Бензема не исклучува можност еден ден да стане тренер на Реал

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема призна дека би сакал да се врати во клубот по пензионирањето. Французинот е подготвен да стане тренер на тимот.

– Тренер на Реал Мадрид некој пат? Зошто да не. Тоа е сон како и на сите други. Но, за сега ќе играм, а во иднина ќе видам дали можам да го тренирам тимот, изјави Бензема.

Французинот беше еден од најзаслужните за освоената шампионска титула во Шпанија во сезоната што неодамна заврши.

Реал го очекува реваншот со Манчестер сити во осминафиналето од Лигата на шампионите закажан за 7 август. На првиот меч во Шпанија, англискиот тим победи со 2:1. (МИА)