петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Бензема по „златната топка“ дојде со сопругата и девојката – сепак само една од нив објави фотографија со него по церемонијата

Бензема по „златната топка“ дојде со сопругата и девојката – сепак само една од нив објави фотографија со него по церемонијата

Карим Бензема синоќа беше прогласен за фудбалер на годината, напаѓачот сакал на церемонијата да присуствуваат сите значајни личности во неговиот живот па во Париз беа присутни и неговата сопруга и неговата девојка.

Карим Бензема имаше извонредна сезона, па сосема очекувано, напаѓачот на Реал Мадрид ја доби „Златната топка“ на „Франс Фудбал“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karim Benzema (@karimbenzema)

Ова беше голем момент во кариерата, напаѓачот сакал на церемонијата да присуствуваат сите значајни личности во неговиот живот, па тоа донесе една непријатна ситуација, во Париз се појавија и неговата сопруга и неговата девојка.

Имено, Карим Бензема во 2017 на приватна церемонија се ожени со Кора Готје и заедно го имаат синот Ибрахим, двајцата се најдоа во фокусот на камерата кога напаѓачот ја подигна „Златната топка“.

Ѕвездата на „кралевите“ во моментов има нова љубов, се работи за Џордан Озуна која можеби беше во втор план, но дома си замина со Карим Бензема и сподели фотографии од авионот.