сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Бензема се враќа во Катар и ќе го игра остатокот од Светското првенство?

Бензема се враќа во Катар и ќе го игра остатокот од Светското првенство?

Француската фудбалска репрезентација со победата против Данска стана првата селекција на Светското првенство во Катар која теоретски обезбеди пласман во осминафиналето.

Главна ѕвезда на тимот е Килијан Мбапе, но Французите на турнирот пристигнаа многу загрижени со оглед на тоа што непосредно пред него загубија неколку клучни играчи.

Ова особено се однесува на Карим Бензема, актуелниот освојувач на Златната топка, кој го напушти репрезентативниот камп неколку дена пред натпреварот.

Сепак, RMC Sport пренесува шпанските медиуми кои пренесуваат дека Бензема веќе е вклучен на тренинзите на Реал Мадрид.

Со оглед на тоа што Дидие Дешамп никогаш не го отпишал од тимот, Бензема сè уште има шанса да настапи за Франција на турнирот.