сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Бензема внесува немир во француските редови пред финалето со Аргентина

Бензема внесува немир во француските редови пред финалето со Аргентина

Францускиот репрезентативец Карим Бензема требаше да биде еден од главните адути на Франција на Светското првенство, но поради повреда тој мораше да се повлече пред турнирот иако за него селекторот Дидие Дешамп не повика директна земена и според некои информации ќе добие медал, признание ако „триколорите“ го освојат Мундијалот.

Во пресрет на финалето со Аргентина токму напаѓачот на Реал Мадрид носи немир во француските редови, па информациите се дека неговиот однос со селекторот Дешамп е нарушен.

Наводно Карим му е лут на Дешамп затоа што сакал да остане во тимот бидејќи повредата не била од посериозен карактер, ама стратегот имал друг план и инсистирал да заврши со оваа неуспешна мундијалска епизода.

Се појавија вести дека Карим може да се стави на располагање и да биде дел од тимот за финалето, меѓутоа тоа е невозможно, а како што стојат работите голгетерот воопшто не планира и да го гледа финалето во живот во Катар.

-Не сум заинтересиран-стои во пораката која носителот на „Златната топка“ вечерва ја упати на социјалните мрежи.