понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Беше ѕвезда во Реал Мадрид и му предвидуваа голема кариера, сега прогласува банкрот

Беше ѕвезда во Реал Мадрид и му предвидуваа голема кариера, сега прогласува банкрот

Кога во 2007 година тогаш 20-годишниот холандски фудбалер Ројсон Дренте потпиша за Реал Мадрид, многумина му предвидуваа голема кариера.

Меѓутоа, Дренте не се наигра многу на „Сантиаго Бернабеу“, па беше испраќан на позајмици. Меѓутоа, каде и да играше Холанѓанецот секогаш имаше исклучително висока плата.

Дренте лесно ги трошеше милионите, па сега прогласи банкрот пред холандскиот суд. 33-годишниот фудбалер имаше лоши бизнис вложувања, па денес остана без пари.

Тој отвори луксузни бутици, кои пропаднаа, а не му успеа ни музичката кариера, каде исто така вложи голема сума пари.