понеделник, 8. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Бетис со понуда до Давид Силва

Бетис со понуда до Давид Силва

Фудбалерот на Манчестер сити, Давид Силва може да ја продолжи кариерата во Бетис, објавија англиските медиуми.

Според „Дејли стар“ 34-годишниот фудбалер во лето ќе се пресели во шпанскиот клуб.

Договорот на Силва со „гаѓаните“ важи до летото 2020 година. Бетис е подготвен да му понуди договор на шпанскиот репрезентативец две години.

Во тековната сезона Силва настапи на 28 натпревари за Манчестер сити, постигна три гола и забележа осум асистенции. Играчот од средниот ред игра за англискиот тим уште од 2010 година.